Удинезе и Интер без голови

ANSA/STEFANO LANCIA

Во 35-то коло од италијанското фудбалско првенство, Удинезе во саботата на домашен терен одигра 0:0 со Интер, освојувајќи значаен бод во борбата за опстанок.

Мечот на „Дачија арената“ во Удине одиграа за по бод во натпревар кој не донесе надигрување, имаше интензитет но изобилуваше со грешки и речиси без востинска можност да се загрози противничкиот гол.

Интер е трет со 63 бодови, четири повеќе од четвртата Аталанта и пет повече од петтата Рома, кои имаат меч помалку а римската „Волчица“ ќе атакува на едно од места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. Удинезе е 17-ти со 34 бодови, пет повеќе од 18-то Емполи кое е на местото од кое се игра квалификации за останување во Серија А. До крајот на шампионатот инаку останува уште едно коло следната седмица.

Претходно СПАЛ високо со 4:0 победи во Верона на гостувањето кај одамна испаднатото Киево. Стрелци за гостите беа во Фелипе во 9 и во 56, Серџо Флокари во 48 и Јасмин Куртиќ во 82 минута. СПАЛ дојде до 42 бодови и е на средина од табелата. Киево е последнот со само 15 бодови, а сезоната ја започна со одземеање на три бода поради кршење на прописите при трансферите.

Во недела на програмата се мечевите Емполи – Фиорентина, Лацио – Аталанта, Парма – Сампдорија, Сасуоло – Фросиноне, Џенова – Рома и Наполи – Калјари, а во понеделник Милан ја пречекува Болоња.