Удинезе и Несторовски го одложија славењето на Јуве, Лацио си обезбеди учество во ЛШ

Udine, Italy, 23 July 2020. ANSA/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Јувентус не успеаја да ја обезбедат деветтата последователна титула во италијанското првенство а 36-та во клупската историја, откако во 35-то коло од Серија А беа поразени од Удинезе иако имаа водство.

Во четвртокот се навршуваа 3.000 денови откако Јувентус е шампион на Италија. Истовремено ова беше првата победа на Удинезе над Јуве по пет години, последен пат тоа се случи во август 2015 година со 1:0, и оттогаш торинскиот клуб славеше седум пати, а еден дуел заврши без победни.

На Јувентус за потврда на титулата три кола пред крајот му беше потребна победа над Удинезе, а по првото полувреме и покрај неубедливата игра има предност со голот на Матијас Де Лихт кој во 42 минута ја погоди домашната мрежа со удар од 20-ина метри.

Меѓутоа, инертната игра на „Старата дама“ во Удиен беше казнета во продолжението, откако во 52 минута македонскиот репрезентативец Илија Нестороски со лет низ воздухот со удар со глава на нафрлување од Сема израмни, а во судиското продолжение Секо Фофана претрчка повеќе од половина терен и со Де Лихт на грбот успеа да ја протне топката под Шчечни.

За Несторовски ова е трет погодок оваа сезона во Серија А, а прв на домашен терен.

Јувентус остана на 80 бодови, шест повеќе од второпласираната Аталанта а седум повеќе од третопласираниот Интер, и новата потврда на новата титула ќе ја има во недела кога ја пречекува Сампдорија.

Удинезе, пак, со оваа победа практично го обезбеди опстанокот, сега е 15-ти на табелата со 39 бодови, седум повеќе од 18-то лече кое се наоѓа во зоната на испаѓање.

Лацио подоцна во последниот меч од колото на својот „Олимпико“ во Рим ја прекина низата од пет натпревари без победа во италијанското првенство и со пресврт го победија со 2:1 тимот на Калјари.

Гостите од Сардинија поведоа во 45 минута кога ударот на Џовани Симеоне на патот кон голот се одби од еден домашен одбранбен играч и го измани Стракоша. Но веќе 48 минута Сергеј Милинковиќ-Савиќ со одличен удар од 20-ина метри го израмни резултатот, а победата на Лацио му ја обезбеди Чиро Имобиле кој во 61 минута искористи одлично проигрување на Луис Алберто за неговиот 31 погодок сезонава.

Лацио е четврти на табелата со 72 бода, два помалку од второпласираната Аталанта, а еден помалку од третиот Интер. „Небесносините“ така на три кола пред крајот го обезбедија учеството во Лигата на шампионите, бидејќи со девет бодови практично се недостижни зад петтата Рома. Калјари остана 13-ти со 42 бодови.