Удрил во паркиран камион, по што починал на Клиника

На 27.08.2020 околу 18,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.Д.(55) од Куманово удрило во паркирано товарно моторно возило „ивеко-тракер“ со скопски регистарски ознаки паркирано од В.Р.(39) од Скопје.

Со повреди се здобил З.Д. кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал.