Удрил во погребна поворка и повредил 10 лица од тетовско

На локалниот пат село Горно Орашје-Тетово, жител на Мала Речица, ттеовско,( М.Ј. 61), со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки вчера удрил во 10 пешаци од Јажинце, Непроштено, Доброште, Пршовце и Тетово на возраст од 46 до 76 години, кои се враќале од погреб во поворка.

Во незгодата тешки телесни повреди добило лицето А.В.(75), од Јажинце кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека телесни повреди имале сите останати пешаци. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Од жители од селото Горно Орашје дознаваме дека настанот се случил на патот кој водел од селските гробишта, веднаш по завршувањето на една погребна церемонија на која присуствувале сите десет повредени лица. Од засега непознати причини, возачот на „голфот“, кој и самиот бил на погребот, изгубил контрола над возилото и удрил во пешаците кои се движеле по патот.