УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј

30

Црвена ѕвезда е казнета од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј. Во образложението на санкцијата за белграѓани на интернет страницата на УЕФА е наведено „доцнење со исплати на заостанати побарувања“.

На тапет во УЕФА се најдоа уште два клуба. Олимпија од Љубљана, за истата причина како и Црвена звезда, ќе мора да плати 75.000 евра додека најлошо мина Ордабаси.

Казахстанскиот клуб е казнет со 100.000 евра. Згора на тоа доби и едногодишна условна суспензија што нема да биде активирана доколку до 31 јануари приложи доказ за подмирување на сите побарувања заклучно до 30 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.