УЕФА демантира дека се знаат термините за продолжување на Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација УЕФА ја демантираше во неделата информацијата дека реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Лион и Јувентус ќе се одигра на 7-ми август, која ја објави претседателот на фрацнускиот клуб Жан-Мишел Олас.

„Ништо не е одлучени, сосема ништо“, изјвил портпарол на УЕФА за германската новинска агенција DPA запрашан за датумите за прекинатото натпреварување во Лигата на шампионите.

Претходно во неделата шпанскиот спортски весник Marca објави наводен распоред на вторите доели од осминафиналеот според кој во петок и сабота (7 и 8-ми август) ќе се играат реваншите во осминафиналните мечеви кои не се одиграа поради пандемијата: Барселона – Наполи, Јувентус – Лион, Манчестер сити – Реал Мадрид и Баерн – Челси. Според весникот четири дена по осминафиналните ќе се играат четвртфиналните дуели, и тоа со термини за првите мечеви на 11-ти и 12-ти август, а реваншите три дена подоцна – 14/15-ти август. На полуфиналето, исто така, нема долго да се чека – 18 и 19 август за првите мечеви, а 21-ви и 22-ри август за реваншите. Една недела подоцна на 29-ти август би требало да се игра финалето во Истанбул, кој веќе објави дека е подготвен да биде домаќин на најдобрите два тима во оваа сезона во „елитата“.

Поради пандемијата на коронавирусот Лигата на шампионите го прекина натпреварувањето. УЕФА во текот на март и април одржа низа конференции со претставници на националните федерации и клобивуите, а главниот заклучок од нив е давањето приоритет за довршувањ на националните првенств, по што би следело и довршувањето на сезоните во Лигата на шампионите и во Лига Европа.

УЕФА на националните сојузи им даде рок до 25-ти мај да се донесат одлуки за судбината на националните првенство. Германската Бундеслига ќе го продолжи натпреварувањето на 16-ти мај, со намера да го заврши до 30-ти јуни. Франција, пак, го заврши првенеството прогасаувајќи го ПСЖ за шампион, но на 11 кола пред крајот Лион остана без пласман во европските купови следната сезона, па најави тужба.

Зборувајќи за овој момент за за француската телевизија RTL, Олас аргументирајќи дека Лион би бил во нерамноправна позиција ако во меѓувреме Серија А го продолжи натпреварувањето, рече дека наводно веќе се знае дека нивниот меч со Јувентус во Торино ќе се игра на 7-ми август.