УЕФА го „наместила“ дуелот Реал-Ајакс користејќи „жешки“ топки?

Реал Мадрид и УЕФА се на удар на сериозни обвиненија од аргентински новинар. Откако долги години е јавна тајна употребата на „жешки” и „студени” топки при извлекувањето на ждребката за Лигата на шампионите и Лига Европа, сега нов скандал од слична природа е на пат да ја разниша регуларноста на последното извлекување.

Според еден од најпопуларните спортски аргентински новинари – Хорхе Рамос, кој работи за локалната „ESPN”, дуелот Реал Мадрид – Ајакс е предодреден од УЕФА.

Рамос прикажа видео направено неколку денови пред ждрепката, во кое тој и неговите колеги од шоуто разговараат како оваа двојка е една од сигурните. Новинарот додава дека ждребката ќе биде во корист на кралскиот клуб.

Реал и Ајакс ќе се сретнат во 1/8 финалето на Лигата на шампионите кон крајот на февруари и почетокот на март 2019 година.

Според новинарот, луѓе на Флорентино Перез се инфилтрирале длабоко во УЕФА, за да можат играчите од Мадрид да имаат протекции и при одредувањето на судии.

Сепак ова тврдење сепак не изгледа не изгледа многу веројатно, со оглед на патот кој го имаше „кралскиот клуб” до Купот на Европа – ПСЖ (шампион на Франција), Јувентус (шампион на Италија) и Баерн Минхен (германски шампион). Во финалето, пак, совладан беше Ливерпул (3: 1), сосема заслужено ценејќи според играта на теренот.

Сепак, повторно се врати на дневен ред подзаборавената тема за „жешки” и „студени” топки во ждрепката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.