УЕФА го одби германското барање за осветлување на стадионите во боите на ЛГБТ

Европската фудбалска асоцијација во вторникот го одби предлогот на градските власти на Минхен да го осветлат стадионот „Алијанц Арена“ во боите на виножитот, што се доживува како заштитен симбол на ЛГБТ заедницата, за натпреварот на Европското фудбалско првенство меѓу Германија и Унгарија, која е на распоредот во средата.

Властите на германската метропола ваквата иницијатива ја предвиделе како знак на протест против законот кој го изгласа парламентот на Унгарија, кој зарбанува јавно промовирање и поттикнување на хомосексуалноста во јавноста и пред малолетни лица.

„Врз основа на својот статус УЕФА е политички и верски неутрална организација. Имајќи го предвид политичкиот контекст на ова барање, пораката чија цел е одлуката којашто ја донесе унгарскиот парламент, УЕФА треба да го одбие ова барање, се објаснува во одговорот на европската фудбалска организација.

Минхенскиот градоначалник Дитер Рејтер изјави отворено дека сака да го освети стадионот во боите на виножитото во знак на против новиот закон во Унгарија кој забранува ширење на содржините кои ја поттикнуваат и промовираат хомосексуалноста и промената на полот во училиштата.