УЕФА го укинува правилото за головите на гости

Комисијата за клупски натпреварувања при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) издаде препорака за укинување на правилото за погодоците постигнати на гости во континанталните купови.

За да биде укинато тоа правило, оваа препорака мора да ја поддржи и Извршниот одбор на УЕФА.

Правилото според кое погодокот постигнат на гостински терен вреди повеќе од постигнатиот на домашен терен на сила е од 1965 година.