УЕФА и КОНМЕБОЛ планираат проширена Лига на нациите

Европската фудбалска асоцијација УЕФА е во преговори со Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) за заедничка Лига на нациите, во која репрезентациите како Бразил и Аргентина би се натпреварувале во проширеното натпреварувањео, соопштено е во петокот.

Двете континентални асоцијации беа против плановите на покривната организација ФИФА за Светско првенство на секои две години, а оваа седмица УЕФА и КОНМЕБОЛ ги потпишале проширениот Меморандум за разбирање со важност до јуни 2028 година.

„УЕФА работи на бројни проекти со КОНМЕБОЛ, вклучително и за заедничка Лига на нациите, но ништо не е финализирано и сѐ уште не е донесена никаква одлука“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Потпретседателот на УЕФА, легендарниот полски играч Збигнев Бониек во четвртокот во интервјуто за полскиот весник Meczyki рече дека десет јужноамерикански селекции ќе бидат додадени во европската Лигaта на нациите од 2024 година.

„Од 2024 година КОНМЕБОЛ ќе се приклучи на Лигата на нациите. Сѐ уште не знаеме во која форма… потпишавме меморандум за сорабокта меѓу КОНМЕБОЛ и УЕФА, а од 2024-та овие селекции ќе играат во Лигата на нациите“, вели Бониек.

Додава дека шест репрезентации на КОНМЕБОЛ ќе и пристапа на Лигата А во Лигата на нациите, додека другите четири ќе се придружат на Лигата Б во истото натпреварување.