УЕФА испрати предупредување ако фудбалерите продолжат да си „играат“ со спонзорите

Кристијано Роналдо, Пол Погба и Мануел Локатели се најдоа на насловните страни на медиумите поради нивното однесување кон спонзорите на Европското фудбалско првенство.

Секој од нив на свој начин го искажа незадоволството кон некој од пијалаците кои беа поставени пред нив на официјалните прес-конференции.

УЕФА сега реагира на ваквото однесување на фудбалерите и побара од сите 24 репрезентации да престанат играчите да ги тргаат стратешки позиционираните напитоци на спонзорите. За ова говори и директорот на натпреварувањето Мартин Кален.

-Тоа е важно бидејќи заработката од спонзорите е важна з натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неоходни за да се осигура развојот на фудбалот во цела Европа. Никогаш не ги казнуваме директно играчите, тоа го правиме преку фудбалските сојузи и тие се обврзани да ги почитуваат правилата на натпреварувањето, вели Кален.

Тој посочува дека фудбалските сојузи може да бидат казнети, но додава дека ги разбира играчите како ПОгба кои тоа го прават од религиозни причини.

Протестот на Погба сепак даде резултати. Лицата задолжени за медиуми на сите 11 стадиони добиле наредна во иднина да се отстрани алкохолниот пијалак доколку на прес-конференцијата се наоѓа фудбалер од исламска вероисповед.

Кока Кола и Хајнекен се наоѓаат меѓу 12-те главни спонзори на турнирот, а се очекува вкупната заработка на УЕФА да биде речиси две милијарди евра.