УЕФА на секој сојуз ќе му исплати по 4,3 милиони евра

Европската фудбалска федерација (УЕФА), објави дека ќе уплати вкупно 236,5 милиони евра од својот фонд „ХетТрик“ на својот членки федерации меѓу кои е и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за што подобро да се справуваат со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Бидејќи УЕФА има 44 федерации членки, секоја ќе добие по 4,3 милиони евра.

Фондот „ХетТрик“ (HatTrick), покренат по Европското првенство во 2004 година, вообичаено се користи за покривање на тековните трошоци на федерациите и како помош за развој на посебните обласит на секоја поединечна национална асоцијација. Меѓутоа, овојпат УЕФА се реши да ѝ дозволи на секоја федерација самата да ги одреди сопствените приоритети.

„Нашиот спорт е соочен со досега незапаметен предизвик и затоа УЕФА сака да им помогне на своите сојузи. Оттаму се договоривме дека секој сојуз ќе добие 4,3 милиони евра коишто може да ги потроши на начин за кој мисли дека најдобро ќе користи во обновувањето на фудбалот во нивните заедници. Верувам дека ова е одговорна одлука и горд сум поради единството коешто фудбалот го покажува во текот на оваа криза. Без соменени фидбалот ќе биде во срцето на враќањето на нормалниот живот. Кога за тоа ќе дојде времето, фудбалот мора да биде подготвен да одговори на повикот“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.