УЕФА одлучи: Ерменија домаќин во Полска

Европската куќа на фудбалот и дефинитивно одлучи Ерменија во Лигата на нациите да биде домаќин надвор од својата земја поради воената состојба предизвикана поради судирите со Азербејџан.

Натпреварот од 3.коло против Грузија во Лигата на нациите, во групата во која е и Македонија, Ерменците ќе го играат во полскиот град Тихи. Македонија, пак, гостинскиот натпревар со Ерменија го игра во ноември, па доколку продолжи војната со Азербејџан тој натпревар сигурно повторно ќе се игра на неутрален терен.