УЕФА официјално го одложи ЕУРО за летото 2021-ва, порача Здравјето е поважно (проширено)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го одложи Европското првенство за летото 2021 година, поради пандемијата од новиот коронавирус Covid-19.

Европското пренство требаше да се одржи од 12-ти јуни до 12-ти јули оваа година, меѓутоа УЕФА го одложи турнирот за следното лето. Новиот термин би требало да биде од 11-ти јуни до 11-ти јули 2021 година.

Тоа беше предлогот кој на претпладневната видео-конференција на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и на генералниот секретар Теодор Теодоридис му го изнесоа претставнциите на Здружението на европските клубови (ECA), претставниците на европските национални лига и Светскиот синдикат на професионалните фудбалери (FIFPro), а за кој од 13 часот се изјаснуваа и претставниците на 55-те националните федерации.

Веста за одлужувањето на Европското фудбалско првенство ја пренесоа многу европски медиуми, а ја објавија и норвешкиот, шведскиот и шкотскиот фудбалски сојуз. Самата УЕФА по неколку часа официјално огласи, а конечната одлука за одложувањето мора да ја донесе Извршниот одбор на асоцијацијата, кој исто така заседава денеска.

Сите натпреварувања и мечеви на УЕФА, вклучитено и пријателските, за клубовите и за репрезентациите, за мажите и за жените, се ставен на чекање на неодредено време. Средбите од пплеј-пофот за пласман на европското првентсво, меѓу кои и на Македонија со Косово, предвидени за крајот на март, ќе се играат на почетокот од јуни, но под услов тоа да го дозволува ситуацијата.

Основана е и работна група чијашто работа е усогласување на календарот за 2021 година, кога треба да се одржат многу натпреварувања чии термини првично се совпаѓаа со новиот термин за одигрување на првенството.

Според овој предлог, ова лето, доколку тоа е возможно, би било искористено за довршување на прекинатите натпреварувања, националните првенства и континенталните, како Лигата на шемпионите и Европската лига.

Челниците на УЕФА сега треба да го усогласат календарот за 2021 година, кога треба да бидат одржани и многу други натпреварувања чиишто првични термини се совпаѓаат со новиот термин за одигрување на континенталното првенство.

Дека веројатно ќе има одложување беше јасно уште пред неколку дена, кога УЕФА ги откажа сите резервации за хотелите во Копенхаген, еден од 12-те градови домаќини.

Коронавирусот досега зарази речиси 180.000 луѓе, а од последици од него починаа повеќе од 7.000 луѓе ширум светот. По жариштето Кина, епицентарот на пандемијата сега се премести во Европа.

Сите пет најквалитетни европски лиги: Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија, ги суспендираа натпреварувањата, заедно со Лигата на шампионите и Европската лига.

Лигите апелираа до УЕФА дека приоритет ќе им бидат домашните натпреварувања, изразувајќи загриженоста дека клубовите ширум Европа ќе загубат значителни финансиски средства и приходи од влезници, доколку не ја завршат сезоната, а сепак мора да ги плаќаат своите играчи.

Европското фудбалско првенство вообичаено се одржуваше во една или две држави, но овојпат беше одлучено да се рашири по целиот континент, а градови домаќини се: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург.

„На чело на спорт сме кој огромен број луѓе го живеат и дишат и кој овој невидлив и брзопотезен противник го спушти на дното. Во моментите како што е овој, фудбалската заедница треба да покаже одговорноста, единство, солидарност и алтуизам“, рече челникот на УЕФА, Алексадер Чеферин.

„Здравјето на навивачите, персоналот и играчите мора да биде наш приритет број еден и во тој дух УЕФА предложи низа опции за натпреварувањата би можеле оваа сезона сигурно да завршат и горд сум на одѕивот на моите колеги од европскиот фудбал. Тоа беше вистински дух на соработка, при што сите сфатија дека мора нешто да жртвуваат зад а се постигнат најдобрите резултати“, додаде Чеферин.

Првиот човек на европската фудбалска федерација истакна дека одложувањето на ЕУРО ќе значи големи трошоци за УЕФА, но и додаде дека ќе биде направено сѐ тоа да не влиаје врз финансирањето на локалните проекти, на женскиот фудбал и развојот на играта во 55-те земји.

„Важно е дека УЕФА, како управувачко тело во европскиот фудбал, го водеше процесот и даде најголема жртва. Целата на нова натпреварување беше водилката за нашата одлука, а не желбата за добивка. Фудбалот е моќна и подигнувачка сила во општеството. Помиската на прославата на паневропскиот фестивал на фудбалот на празни трибини, со напуштени навивачки зони додека континентот седи дома изолирано е бесмислена и единствената којашто не би можеле да ја прифатиме при прославата на 60-годишнината од натпреварувањето“, истакна Чеферин.

Претседателот на УЕФА му се заблагодара и на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој најави дека ќе стори сѐ што е потребно во правењето нов календар на натпреварувањето, но и на претседателот на КОБМЕБОЛ, Алехандро Домингез, кој се согласи да го премести јужноамериканскиот континентален шампиона Копа Америка, исто така, за следната 2021 година.

УЕФА им упати порака и на сите навивачи кои веќе ги платиле влезниците дека тие ќе важат и следната година. Оние кои нема да можат да присуствуваат на турнирот следното лето, ќе ги добијат назад сите пари. Во следниот месец понатамошните информации за постапката на враќање ќе бидат испратени на оние кои веќе купиле влезници по електронска пошта и на сајтот euro2020.com/tickets.