УЕФА организира нова видео конференција за иднината на сезоната

УЕФА ќе организира нова видео конференција на 23 април на тема опции за завршување на сезоната 2019/2020. Ова ќе се случи откако во претходните денови се одржаа телефонски разговори на Централата со сите 55 национални федерации членки, како и со раководството на Здружението на фудбалски клубови на континентот.

Фудбалската сезона беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус и се бараат опции за нејзино рестартирање.

Приоритет за УЕФА е завршувањето на националните првенства и турнири. Се разгледува опцијата средби да се играат до крајот на јули и во август, а потоа да се закаже евентуално завршување на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.