УЕФА поведе истрага против ирските фудбалерки поради песна

Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори истрага против женската фудбалска репрезентација на Република Ирска поради наводна прослава на пласманот на Светското првенство со песна за поддршка на Ирската републиканска армија (ИРА).

Ирските фудбалерки обезбедија дебитантски настап на Мундијалот 2023 совладувајќи ја Шкотска во плејофот со 1-0 на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.

Пласманот на завршниот турнир чии домаќини ќе бидат Австралија и Нов Зеланд, фудбалерките на Ирска бурно го прославија, а во еден момент во соблекувалната наводно скандирале песна со поддршка на ИРА.

Снимката се најде на социјалните мрежи, а УЕФА веднаш поведе истрага за случајот.

-Етиичкиот и дисциплинскиот инспектор ќе го истражат овој случај на потенцијално непримерно однесување на ирските фудбалерки, соопшти УЕФА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.