УЕФА пресече: Првенставата нека стават крај на сезоната!

Европската куќа на фудбалот (ФИФА) се предаде. Иако до вчера постојано се закануваа дека кој нема да ги заврши прванствата – нема да игра Лига на шампиони или Европа лига наредната сезона, сепак, ова денес не е случај.

На официјалната веб-страница на УЕФА вчера излезе соопштение во кое се препорачува домашните лиги да стават крај, а истото денеска е доработено и гласи вака:

„Испраќаме силна порака за тоа домашните првенства и куповите да се приведат до крај, иако е разбирливо дека ќе има некои посебни случаи. Имајќи го ова во предвид, УЕФА во моментов подготвува упатства за претставниците на во европските купови за државите кои не можат да го одиграат првенството или купот до крај“.

Ова значи дека нема повеќе закани. Сега им е јасно на челниците на УЕФА дека некои лиги нема да можат да завршат, а тоа пред се се однесува на Холандија, која ја продолжи забраната за играње се до 1 септември, а со тоа автоматски го констатираше крајот на фудбалската сезона.

Бидејќи планот на УЕФА е да ги заврши сите национални првенства до првиот дел од август, а до крајот на месецот и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, јасно е дека Холанѓаните не можат да го сторат тоа. Поради тоа, од вторникот вечер, сезоната за нив е завршена.

УЕФА во никој случај не може да ги казни клубовите за нешто што е „виша сила“, односно одклука донесена од Владата на голема земја.

Токму затоа, Европската куќа на фудбалот мораше да се предаде – бидејќи некои лиги не можат да завршат.