УЕФА се откажа од идејата за ЕП со 32 репрезентации

Европската куќа на фудбалот ќе се откаже од идејата за тоа од ЕП 2028 да гледаме 32 наместо досегашните 24 репрезентации, а со тоа би се промениле и квалифкациите.

Намерата на УЕФА да се зголеми бројот на селекции на континенталниот шампионат останува, а треба да се види колкав ќе биде бројот.

„УЕФА имаше состанок со броадкастерите и практично ако 32 селекции одат на ЕП, тогаш секоја група би била однапред позната во квалификациите и нема да има интересен натпревар“, стои во дел од текстот на британските медиуми.

Конечната одлука за тоа колку селекции ќе гледаме на ЕП 2028, кое што ќе се одржи во Англија, ќе биде донесена во ноември.