УЕФА со официјален став за тоа каде ќе се игра Европското првенство

Овие денови излезе информација дека Европското првенстви би можело да се игра на Островот,поточно во Англија.

Денес стигна и официјалниот став на УЕФА. Европската куќа на фудбалот и засега е јасна по тоа прашање.

„Како и што е објавено турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува иста “, одговорија од УЕФА.

„УЕФА е одлучна ЕУРО 2020 да се игра во 12 европски градови, според договорениот распоред. Промени нема“.

Европското првенство е планирано да се игра во: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.