УЕФА: Тој што ќе игра во Суперлигата, ќе биде казнет или исклучен

Откако сè почесто се шпекулира дека европските фудбалски гиганти подготвуваат да и свртат грб на УЕФА и да формираат ново натпреварување, Европската куќа на фудбалот во соработка со федерациите соопшти дека ќе стoрат сè што е во нивна моќ да не се формира таканаречената Суперлига од големите фудбалски клубови.

„Доколку се случи тоа, сакаме да соопштиме дека ние – УЕФА, Англиската ФА, РФЕФ, ФИГЦ, Премиер лигата, ПримераСерија А, но и ФИФА и сите наши здруженија членки – ќе останеме обединети во нашите напори да престанеме овој циничен проект, проект кој се темели на личен интерес на неколку клубови во време кога на општеството му треба солидарност повеќе од кога било. Ќе ги разгледаме сите мерки што ни се достапни, на сите нивоа, и на судски и на спортски, со цел да се спречи тоа. Фудбалот се заснова на отворени натпреварувања и спортски заслуги, поинаку не може да биде“, се вели во соопштението.

Како што претходно објави и ФИФА и шесте федерации, на засегнатите клубови ќе им биде забрането да играат во било кое друго натпреварување на домашно, европско или светско ниво, а на нивните играчи може да им биде ускратена можноста да го носат дресот на својата селекција.