Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадена вредност во земјоделството Скопје

30

Југоисточниот регион има најголемо учество во креирање на бруто-додадената вредност во земјоделството, во коешто учествува со 31,2 процента. На второ место е Пелагонискиот со 22,1 процент, а најмало учество има Североистониот регион со 3,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во создавање на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот регион со 39,6 проценти, додека во создавање на вредноста на добиточното производство најголемо учество има Пелагонискиот регион со 19,9 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.