Угостителите до Бектеши: Лесно е да се каже помошта е добра и ќе заврши работа, а многу е тешко во реалноста тоа да се спроведе

Никој не сака да ги отпушти вработените, и да не продуцира приход како фирма, вработените знаат во каква ситуација сме, лесно е да се каже помошта е добра и ќе заврши работа, а многу е тешко во реалноста истото да се спроведе, истакна Анѓеловски од Групацијата на угостители во вечерашната “Топ Тема“ на Телма телевизија, му се спротивстави на тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши во однос на отпуштањето на вработени и мерките од владата.

Бектеши контра тврдењата на угостителите за отпуштањето на вработените, вели дека угостителите ги отпуштаат вработените и ги даваат на товар на државата, со прес конференции за наводно откази се уценувала владата. Бектеши вели дека помошта била добра моментално, но не била финална, Анѓеловски пак праша зошто се задолжуваат работодавачите дополнително за разликата во бруто плата, за којашто државата ни нуди друг кредит за да ја платиме таа разлика, парите треба да одат директно кај вработените. Не можеме да опстанеме, не постојат средства коишто ќе ги одржат фирмите, не продуцираме приход не знам колку е тоа тешко за да се разбере, вели Анѓеловски.

Угостителите бараат бруто плата, да се одложат давачките кон државата за некој друг период да може на рати тоа да се плаќа, и без затезни камати, побаравме и мораториум за банкарските кредити, исто така каматите да не се плаќаат за одреден период, но примарно е барањето и помошта за вработените да ја добијат сите.