3.8 C
Skopje
вторник, декември 7, 2021

Угостителите порачуваат дека ќе бидат на улиците додека власта не ги слушне нивните барања и мерки

162

Блокадите започнаа од петок, најавени се секој работен ден, освен утре бидејќи ќе се судриме со протест од висок ризик па се додека не не прими владата и не ги ислуша мерките и барањата на Иницијативата на угостители кои работат организирани настани заедно со останати комплементарни дејности можеби најпогодените од ковид кризата, вели Марија Синадиновска Арсовска во вклучување во вечерашното емитување на емисија Анализа на ТВ 24 и додаде:

Петтиот пакет мерки кој што беше даден од владата чинеше видовте и сами милиони евра помош за стопанството и зачувување на работните места кои што имаат повеќе од 50 проценти пад од прикажаниот остварен промет во 2019 година бидејќи 2020 не е репер за било какви финансиски извештај, меѓутоа ситуацијата токму во овој сектор во кој што ние сме излезени надвор како Иницијативен одбор односно угостителски објекти заедно со сите останати комплементарни дејности на оваа индустрија на организирани настани, е дека ние немаме ограничување на дејноста односно ние сме забранети.

Синадиновска Арсовска, рече дека од скоро една година немаат добиено протокол за работа и единствено нешто што бара е да започнат со работа според протоколите со кои што угостителите денеска работат.

„Од 28 мај па сѐ до ден денеска скоро немаме добиено протокол за да можеме да отпочнеме за работа. Значи првенствено кое што го бараме во моментот и за кое сме излезени надвор на улици е протоколот кој што важи за сите останати угостителски објекти кои што работат во моментот. Истиот протокол да се преслика и да важи за угостителските за организирани настани. Единствена пречека е членот 14 кој што е објавен во Службениот весник од 23.06.2020 година каде што се забранува секаков вид на семејни настани, значи семејни прослави“, посочи таа.

„Покрај тоа што го бараме, бараме и апелираме на временска динамика кој што ќе ни биде повеќе од потребен во моментот бидејќи треба да дадеме некаква насока во нашата работа за сезонскиот карактер на свадбените прослави, односно идните младенци треба да знаат како би изгледало една организирана свадба, настан, веселба во поголем број на луѓе во услови на пандемија. Значи пред се бараме отпочнување со работа со истиот протокол кој што во моментот работи“, заврши Синадиновска Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.