Угостителите пред Владата побараа протокол за организирање свадби

Неколку стотици музичари, угостители, припадници на ивент-индустријата во моментот пред зградата на владата со мирен протест бараат власта да ги преиспита протоколите за нивна работа, бидејќи станува збор за нивните животи и егзистенција.

Како претставник на угостителските објекти кои организираар свадби, Екрем Мемиши пред медиумите порача дека тие не бараат печалба сред криза, туку егзистенција.

-Свесни сме за кризата, но потребни се посебни протоколи за организација на свадби за и оваа индустрија да може да опстои. Од 14-ти март не работиме, а повторно успеавме да ги исплатиме своите работници и покрај тоа што немавме приходи. Бараме посебни протоколи за организација на свадби на кои секако би се почитувале мерките за заштита од ковид-19, порача Мемиши.

Тој додаде дека сите сектори веќе функционират освен угостителството и дека мора нешто да се преземе околу тоа.