Угостителите реагираат дека вработените во рестораните ќе треба да бидат полицајци и да легитимираат гости

175

Ако инспекторите не можат да легитимираат тогаш од кој правен акт ќе го црпат легитимитетот да легитимираат вработените во угостителски објекти?

Имено, Проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето:

1) кое треба да се лиши од слобода, приведе, задржи, упати или предаде на надлежен државен орган или установа;
2) од кое се заканува опасност за чие спречување е неопходно полициско постапување;
3) над кое се извршува преглед или претрес или се преземаат други со закон утврдени мерки и активности;
4) кое е затечено во туѓ дом, објект и други простории или во превозни средства над кои се извршува преглед или претрес, ако проверката на идентитетот е потребна;
5) кое е затечено на простор или објект на кој е привремено ограничена слободата на движење и задржување, ако проверката е неопходно потребна;
6) кое пријавува извршено кривично дело или прекршок или сторителите на тиедела, односно соопштува информации од интерес на работата на Полицијата, освен ако лицето кое го приј авува кривичното дело или прекршокот не сака да се идентификува;
7) кое со своето однесување предизвикува сомневање дека е сторител на кривичноделоили прекршок или дека има намера да стори такви дела или кое одговара на описот на лице по кое се трага;
8) кое ќе се затекне на местото на извршено кривично дело или прекршок;
9) кое се наоѓа на место на кое заради безбедносни причини е потребно да се утврди идентитетот на сите лица или на поголемиот број лица;
10) на оправдано барање на службено лице од државен орган, правно или физичко лице и во други случаи утврдени со закон
11) при влез во објекти кои ги обезбедуваат полициски службеници.

Фејсбук статус на Мартин Ангеловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.