Угостителски објект работел по дозволеното време, странски државјанки ги забавувале гостите

19

На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино. Притоа, било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите.

Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.