Угостителските објекти ќе може да работат до 20 часот

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема. Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и акко се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор – рече Бектеши.

Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот.