Угостителските услуги со зголемени цени

Цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули годинава, во однос на истиот период лани се зголемени за 0,4 отсто, а за тој износ се зголемиле и споредено со декември минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуват дека цените на угостителските услуги во јули во однос на јуни годинава се намалени за 0,3 проценти, а за толку се зголемени споредено со јули лани.

Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика покажуват дека споредено по групи на услуги, зголемување на цените во јули во однос на јуни е забележано во групите „храна“, за 1 отсто, „алкохолни пијалаци“ за 1,3 отсто, како и „безалкохолни пијалаци“ за 0,8 отсто. Во групата „ноќевања“ е забележано намалување за 4,9 отсто, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.