Цените на угостителските услуги во август на исто ниво, намалување од 0,1 отсто кај храната

Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во споредба со јули 2019 година, немаат промена, забележано е само намалување во групата храна за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,4 отсто, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.