Угостителско ја прослави матурата на традиционален начин

Со храна и вино, средното угостителско училиште „Лазар Танев“ на традиционален начин, вчера ја прослави матурата.

Присутните гости имаа можност да бидат сведоци на подготовката, а потоа и да ја дегустираат храна која ја подготвија матурантите.

Директорот на средното угостителско училиште, Зоран Николовски, вели дека учениците си обезбедуваат работа додека посетуваат практична настава бидејќи работодавците препознаваат квалитет. Токму затоа апелира да се даде акцент на средното стручно образование.

„На пример во нашата струка се градат два три хотели во моментов, значи тоа се 200, 300 вработени а нашата генерација што завршува се 200 матуранти“, изјави Николовски.

На 23 јуни средното угостителско училиште ја очекува новата генерација на готвачи, слаткари, келнери. Николовски вели дека ова училиште е современо, европско, модерно и е преполно со професионализам и креативност и затоа тврди дека има место на пазарот на трудот за сите оние кои ќе се стекнат со дипломата од угостителското училиште.