УХМР најавува снег од утре

Времето во вторник ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми.

Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег.

Попладне ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Времето во среда ќе биде сончево, а максималната температура ќе достигне 7 степени, во четврток и петок исто така ќе имаме сончево време со температура до 10 степени.