УХМР објави вонредна временска прогноза: Повторно не очекуваат врнежи

106
ухмр

Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. На високите планини врнежите ќе се од снег. Во попладневните часови ќе започне да дува северозападен ветер којисто така повремено ќе засилува особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

И во Скопскиот регион во среда најпрвин ќе дува повремено засилен јужен ветер, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд повремено со умерен интензитет. Овие врнежи ќе завршуваат до крајот на денот, а попладне ќе започне да дува северен и постуден, повремено засилен северен ветер.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време а ќе има и променливо облачни-сончеви периоди, со благ пораст на дневните температури.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.