13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

УХМР со нова временска прогноза

Времето во државава ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни врнежи се очекуваат попладне и во вечерните часови во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Според податоците на Упрвата за хидрометеролошки работи (УХМР), најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 19 сантиметри, во Дебар 17, Пожаране 12, Штип 9, Лазарополе и Тетово 8 сантиметри, во Берово 7, Крушево и Виница 6, Гевгелија и Дојран 5, Струмица, Д. Капија, К.Паланка и Куманово 4, во Прилеп 2 и еден сантиметар во Претор и Тополчани.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд.

Потоа до сабота ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.