УЈП објави листа на должници: Јавните претпријатија рекордери

167

Управата за јавни приходи вчера ја објави втората листа на должници за оваа година.

Станува збор за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; повисок од 300.000 денари за правните лица.

Меѓу рекордерите по неплатени давачки на листата се и повеќе јавни претпријатија меѓу кои и Македонија пат со долг од 316 милиони денари, Македонска радио телевизија со долг од 69 милиони денари, Јавното претпријатие за стопансисување со објекти од спортот со долг од 49 милиони денари и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.