УЈП: Се’ повеќе граѓани си ја исполнуваат обврската пред законскиот рок

Се’ поголем е бројот на граѓани кои својата обврска ја исполнуваат пред законскиот рок, рече денеска директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан за бројот на лица кои досега поднеле годишна даночна пријава, Трајковски нагласи дека заклучно со вчерашниот ден се поднесени 40 илјади даночни пријави.

„По динамиката историски гледано со минатите години се’ поголем е бројот на граѓани кои својата обврска ја исполнуваат пед законскиот рок. Но, сеуште има една категорија на граѓани кои буквално ќе го чекаат и 15-ти март“, рече Трајковски.

Тој уште еднаш потсети на можноста за користење на услугата „Е-даноци“, бидејќи лани биле регистрирани 700 граѓани, додека оваа година 10.000 граѓани.

Од тие 10.000 граѓани, како што нагласи тој, заклучно со вчера 254 физични лица имаат поднесено годишна даночна пријава по електронски пат.