Ѓукановиќ бара да се затворат границите и да се воведат најстроги епидемиолошки мерки

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки.

„Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на ковид-19 се алармантни – објави Ѓукановиќ на Твитер.

Институтот за јавно здравје денеска објави дека во изминатите 24 часа 18 пациенти починале од последиците на коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.