Ѓукановиќ ги најави изборите во Црна Гора во август или септември

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјаво во вторникот по консултациите со партиите од владејачката коалиција дека планира парламентарните избори да ги распише кон крајот на август или почетокот на септември.

Сите опозициски партии претходно го одбија повикот на шефот на цртногорската држава за консултации за датумот на изборите.

Претседателот Мило Ѓукановиќ на прес-конференција рече дека се бара оптималниот термин за спроведување на изборите и дека „насоките се такви локалните и парламентарните избори да бидат одржани ист ден“. Истакна дека најважно е Црна Гроа да добие легитимна власта којашто ќе ги штити националните интереси, а за одбувањето на опозицијата да учествува на консултациите рече дека не го изненадува.

„Мое е да покажам демократска подготвеност да ги сослушам лидерите на партиите, а нивно е да решат дали тоа ќе го прифатат или не. Односот на лидерите на опозицијата не ме изненадува. Покажуваат недоволна одговорност кон националните интереси… намерата на опозицијата е да има алибо за очекуваниот изборен пораз“, рече Ѓукановиќ.

Рече дека дел од опозицијата досега не признала резултати од ниедни избори, освен оние на кои победиле, и како што рече, „планираат тоа повторно да го сторат“.

На повикот на Ѓукановиќ за консулатација се одзваа трите партии на Албанците во Црна Гора, Бошњачката партија, Либералната партија, Хрватската граѓански иницијатива и социјалдемократите.

Ѓукановиќ ја задржа претседателската функција во неговата Демократска партија на социјалистите, на којашто, како што рече, единствена цел ѝ е да победи на изборите. Последните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа во октомври 2016 година, на кои победи во многу тензична атмосфера неговата ДПС.

Овие избори ги следеше голема афера за која Ѓукановиќ ја претстави како руско влијание и заговор на Белград, а спрските власти и опозицијата го обвинија за исценирање на наводе атентат врз него и заговор за преврат за да спроведе полициска контрола врз изборниот процес.

Според судскиот процес, кој го отрфлуваат сите обвинети, како и Белград а Москва и не му придаде особено значење, опозицискиот просрпски Демократски фронт наводно со помош на припадници на руското воено разузнавање ГРУ се обидел да изврши пуч и наводно да го запре приемот на Црна Гора во НАТО, така што би го заземале црногорскиот парламент и би го убиле тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ.