Ѓукановиќ го распушти црногорскиот парламент

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го распушти во четвртокот парламентот, откако истече рокот од 90 дена кој мандатарот Миодраг Лекиќ го имаше за составување на новата влада во Подгорица.

Според црногорскиот закон, шефот на државата е должен ден по распуштањето на парламентот да распише парламентарни избори коишто мора да се одржат најдоцна 80 дена од распишувањето на изборите.

Миодраг Лекиќ, кој мандатот за формирање на новата влада врз основа на закон кој за Мило Ѓукановиќ беше неуставен, на почетокот од седмицава ги извести челниците на партиите кои ги предложија за мандатар дека не успеал да го обезбеди потребното мнозинство, како и дека му недостигаат трите гласа од пратениците на Обединетата реформска акција (УРА) на актуелниот премиер Дритан Абазовиќ.

Ѓукановиќ претходно одбиваше долго време да му го довери мандатот на Лекиќ, пратеник и поранешен дипломат, тврдејќи дека не го уверил дека ја има поддршката од пратениците за составување на новата влада.

Поради тоа, владејачките партии во Црна Гора, предводени од просрпскиот Демократски фронт (ДФ) усвоија измени на законот за претседателот со кои е овозможено доколку шефот на државата одбие да го довери мандатот кој го предлагаат партиите со мнозинство, тоа може да го стори претседателот на парламентот.

Венецијанската комисија, советодавното тело на Европската унија, следејќи ги реакциите и осудите на Брисел и Вашингтон, оцени дека законот наводно е спротивен на црногорскиот Устав. Нивното барање го усвоија пратениците од УРА на албанската заедница, на техничкиот премиер Абазовиќ, кои одбија да го поддржат предложениот кабинет на Лекиќ пред и да дојде во парламентот.

Во Црна Гора во недела се одржуваат претседателските избори, на кои ќе се натпреваруваат седум кандидати. Покрај Ѓукановиќ, кој доколку го освои новиот мандат ќе му се доближи на светскиот рекорд на Роберт Мугабе, кој на чело на африкански Зимбабве беше речиси четири децении.

Претседателот на Црна Гора се избира со народно гласање со мандат од пет години. Ѓукановиќ беше премиер пет пати (1991-1998, 2003-2006, 2008-2010, 2012-2016), а беше и претседател на земјата од 1998 до 2002 година и беше избран за втор мандат во 2018 година. Неговиот вкупен мандат сега изнесува 32 години, така што Ѓукановиќ сега за неколку години се одржува подолго на власта отколку белорускиот претседател Александр Лукашенко.

Покрај Ѓукановиќ, кој е кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), кандидати се и челникот на Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП), Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, претседателот на Демократите – Алекса Бечиќ, Јаков Милатовиќ од Движењето Европа сега (ПЕС), лидерот на Обединување на Црна Гора, Горан Даниловиќ и инфлуенсерот Јован Јоџир Радуловиќ.