Укината вонредната состојба во шест префектури во Јапонија

Print

Јапонската Влада ја укина вонредната состојба воведена поради пандемијата во шест префектури вон регионот на Токио една недела порано отколку што првично беше закажана поради подобрување на епидемиолошката состојба, јави новинската агенција Кјодо

Според агенцијата, вонредната состојба е укината во префектурите Аичи, Гифу, Осака, Кјото, Хјого и Фукуока. Во исто време, таа ќе остане во сила во префектурите Токио, Чиба, Канагава и Саитама до 7 март, како што првично беше планирано.

И покрај укинувањето на вонредните мерки, баровите и рестораните во овие шест префектури ќе бидат затворени најдоцна до 21:00 часот. Се очекува локалните власти да му платат обесштетување на секој бар и ресторан за загубениот профит.

Јапонската Влада во петок треба да одржи седница на која ќе одлучи дали вонредната на 7 март може да биде укината во низ целата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.