Укината забраната за товарни возила за патот Гостивар-Стража-Кичево

На 28.02.2022 година од 00:35 часот, укината е забраната за движење на ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

Од вчера 15.55 ч. поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 00:40ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, додека на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 28.02.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.