Укинати забраните за камиони преку Пресека и кај село Фурка

Укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Кичево – Охрид преку преминот Пресека и кај Дојранска крстосница  – село Фурка, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забраната за камиони беше воведена поради обилните снежни врнежи, а кај крстосницата Фурка на регионалниот пат Валандово – Дојран имаше попреченост од товарно моторно возило.