Укинувајќи ја „македонска“ од МАНУ, е доказ дека се укинува етнички идентитет на Македонците како нација

Независниот пратеник од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ, во дебатната емисија „Само Вистина“ на телевизијата Канал 5 во петокот вечерта ги потврди ставовите за тоа зошто договорот со Грција, кој беше поддржан од останатото владејачко мнозинство во Собранието, значи уништување за македонскиот идентитет и нацијата.

Мухиќ, кој имаше одентичен став и во периодот на потпишувањато на Времената спогодба со Грцијам пред повеќе од две децении,  посочи точки во Договорот кои водат кон бришење на македонската нација. Како што самиот и кажа, со тргање на „македонска“ од името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен тетатрар, е чист доказ дека македонската нација веќе не постои.

„Со ова Македонија свесно се обврзува да ја укине својата национална институција, таа од највисок ранг МАНУ, но и Македонски народен театар, што пречи тука? Народен – не пречи. Театар-  не пречи. Што пречи? – македонс. Зошто? Затоа што македонски посочува кон нација, а нема нација. Не можеш да имаш национален театар затоа што не постои нација. Можеш да имаш народен театар на Северна Македонија и тоа не го забележувате а тоа е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на македонците како нација а со тоа на сите други. Дефакто нема ни Албанци ни Турци, ни Бошњаци ни Роми. Веќе со ова сите се само граѓани на Сверна Република Македонија, истакна Мухиќ.

Пратникот со ова ги поби тврдењата на Владата од каде велат дека со овој Договор се зацврстува македонскиот национален идентитет. Мухиќ вели дека со бришење на „македонски“ од институциите е трикот од кои со во Договорот се негира македонскиот национален идентитет.

Мухиќ појасни дека сите академии на науките и уметностите се национални, како што е српската, хрватската, бугарската, француската и така натаму, и додаде дека со овој договор Македонија губи национална академија, каде што и тоа е еден голем преседан.