Укинувањето на санкциите кон Иран ќе ја поевтини нафтата

Доколку Иран и меѓународната „шесторка“ постигнат договор за иранската нуклеарна програма и доколку бидат укинати санкциите кон Техеран, на глобалниот нафтен пазар ќе се појават големи количества иранска нафта, што најверојатно ќе доведе до пад на цените на енергенсот, оценуваат аналитичарите.

Според нив, укинувањето на санакциите ќе ја засили борбата меѓу водечките прозводители на нафта на Блискиот Исток за освојување на азиските пазари, при што најголеми штети би претрпел Ирак.

Прекумерните глобални резрви на нафта и неизвесноста на светската економија ги намалија цените на енергенсот, кои веројатно дополнително ќе паднат со вклучувањето на Техерен во нафтениот пазар, прогнозираат експертите.

По укинувањето на меѓународни санкции наметнати од Западот, властите во Техеран ќе се обидат да се вратат на нафтениот пазар нудејќи ја својата нафта со значитечни попусти, со што би ја користеле тактиката што ја употреби Ирак по падот на режимот на Садам Хусеин, сметаат аналитичарите.

– Секој бара удел на пазарот. Иран нема да биде во предност, бидејќи ќе се обиде да пласира нови количества нафта и да преземе дел од пазарот. Тоа речиси сигурно ќе доведе до ценовна војна, смета советникот за безбедност во снабдувањето со нафта при шведската Агенција за енергетика, Семјуел Цишук.

Некои аналитичарии меѓутоа проценуваат дека укинувањето на санкциите кон Иран најверојатно ќе оди во фази, со што делумно ќе се одложи враќањето на иранската нафта на глобалните пазари.

По воведувањето на санкциите, иранскиот извоз на нафта се сведе на околу еден милион барели дневно, за разлика од продажбата во странство на 2,5 милиони барели на ден во 2012 година. Недостигот што се појави со намалувањето на извозот на иранската нафта, беше надоместен од останатите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кои и најмногу профитираа од санкциите кон Техеран

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.