Украден најголемиот зајак на светот, понудена богата награда за враќање

Британската полиција ги повика сите очевидци да помогнат откако во Англија е украден „најголемиот зајак на светот“, кој како таков е евидентиран во Гинисовата книга на рекордите, а неговата сопственичка нуди богата награда за информација или за враќање на нејзиното милениче.

Полицијата објави дека Дариус, повеќепати наградуван континентален зајак, долг 129 сантиметри исчезнал ноќта кон понеделникот од оградениот простор сместер во градината на своите стопани во Стоултон во англиски Ворчестершир.

Во април 2010 година Дариус е впишан во Гинисовата книга на рекордите како најдолгиот зајак на светот.

Сопственичката на зајакот, Анет Едвардс, на Twitter објави дека за враќање на нејзиното милениче на чесниот наоѓач му ветила награда во изност од 1.000 фунти, додавајќи дека 11 години стариот зајак е престар за размножување.

„Секое животно е единка којашто не може да се замени“, изјави за весникот The Daily Telegraph сега 68-годишната Едвард.

Едвардс, некогашна „зајачица“ на култниот магазин за мажи Playboy, пред десетина години повторно се најде на насловните страници на таблоидите кога плати 10.000 долари за разни естетстки зафати за што е можно повеќе да наликува на анимираниот лик на Џесија Ребит.

Додава дека Дариус има посебен режим на исхрана без кој би можел и да угине. Анетна своето милениче годишно троши по 5.000 фунти, бидејќи тој за една години јаде околу 2.000 моркови и 7000 јаболку, но Дариус главно за храната „заранботува“ самиот, бидејќи Едвардс неговото појавување во телевизиски емисии го наплатува по 500 фунти за настап.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.