Украден сеф од винарија во Демир Капија

26

Украден е сеф од винарија во Демир Капија. Кражбата е извршена ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

– Ноќта на 9 кон 10 септември во СВР Велес било пријавено дека е извршена тешка кражба во винарија во Демир Капија. Сторителите со употреба на сила влегле и го одзеле сефот. Се работи на расчистување на случајот, изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.