Украдена круна за венчавки од црквата „Свети Антониј“

Две илјади денари и една месингана круна за венчавки се украдени во периодот од први до шести јуни од црквата „Свети Антониј“ во струшкото село Глобочица.

Стефан Димовски, портпаролот на СВР Струга информира дека крадецот преку источниот прозорец влегол во црквата и ја ограбил собирајќи 2.000 денари во различни апоени, како и една круна за венчавки.

Полициската станица во Струга, по извршениот увид работи на пронаоѓање на крадецот.