Украдена облека и играчки од магацини на Министерството за труд

Гардероба и играчки биле украдени од два магацини на Министерството за труд и социјална политика, информираше МВР.

Од МТСП кражбата ја пријавиле вчера. Во ПС Карпош од страна на министерството доставен е записник од 24.04.2018 година, во кои пријавуваат дека кражбата била извршена меѓу 17 и 18 април од две магацински простории на министерството во кругот на Касарната Илинден.

Имено тешката кражба била извршена на тој начин што крадецот се прекачил преку еден од прозорците, влегол во внатрешноста на магацинот од каде одзел разновидна стока- женски кондури, женски балетанки, тањири, ремени, женски сандали , зимски обувки, чанти, играчки синтисајзери, маици, женски фустани, машки кошули, и играчки.

Крадецот однел предмети и гардероба вредни околу 525.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.