Украдена слика на Архип Куинџи за време на изложба

Од Третјаковската галерија во Москва, за време на синоќешната изложба, била украдена слика пејзаж на грчко-рускиот сликар Архип Куинџи Иванович.

Се работи за „Ај-Петри“, масло на платно со големина 39х53 сантиметри, насликано 1908 година, коешто прикажува планина на Крим.

Третјаковската галерија, која е една од водечките во рускиот главен град, последниве години често е мета на кражби.

Ај-Петри, Крим
Ај-Петри, Крим

Сликата „Ај-Петри“ е осигурана на нешто повеќе од 180.000 долари.

Во меѓувреме, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уаспен 31-годишен маж, кој признал дека ја украл сликата.