Украдени 18 икони од „Св.Никола“ во с.Бабино

Во временскиот период од 23.03/05.04.2014 година во село Бабино, демирхисарско, во црквата „Св. Никола“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба при што одзел 18 икони, мал сребрен крст и околу 70 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.