Украдени 20 компјутери од Ривер Софт

478

Вчера на ул.„Васил Ѓоргов“ во фирма за компјутерска опрема „Ривер софт“, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 20 лап-топ комјутери.

Имено, сторителот со употреба на погоден предмет скршил едно изложно стакло, влегол внатре ги одзел наведените предмети и го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.